Стапка на смртност кај деца под 5 години е демографски показател што го изразува бројот на умрените деца на возраст помала од пет години во текот на една календарска година на 1 000 живородени деца во истата година.
Овој показател се користи за оценување на здравствената состојба на децата, квалитетот на здравствената заштита и на општите социјално-економски услови во една држава.