Жртва на семејно насилство е секое физичко лице што е изложено на насилство, кое вклучува малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица што живеат во брачна или вонбрачна заедница или во заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар или вонбрачен партнер или лица што имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.
Жртва на сексуално насилство и силување е секое физичко лице што е изложено на сексуално насилство и силување, кое го опфаќа секое дејство од сексуална природа, со кој било телесен дел или предмет, на телото на друго лице без негова/нејзина согласност. Сексуално насилство постои и кога се наведува или се присилува друго лице без негова согласност да се вклучи во дејствија од сексуална природа со трето лице. Согласноста мора да е изразена доброволно како резултат на слободната волја на лицето, проценета во контекст на околностите.
Извор: ЈУ Завод за социјални дејности